Вучиќ на средба со Гутереш: Србија е подготвена за соработка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк се состана со генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш.

Како што наведе „РТС“, претседателот на Србија се заложил за почитување на Резолуцијата 1244 за Косово, поголема улога на УНМИК на Косово во покраината и пронаоѓање на компромисно решение за Косово.

При разговорот со Гутереш, Вучиќ истакнал дека Србија е подготвена на соработка со меѓународните организации и косовските Албанци. Тој го истакнал значењето од пронаоѓањето на компромис, повторувајќи го ставот дека компромисот не значи едната страна да добие, а другата да изгуби, туку двете страни да дадат по нешто и да вложат.

Гутереш од своја страна го поздравил продолжувањето на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, нагласувајќи дека сите прашања треба да се решаваат на мирен начин.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари