Вучиќ: Можеме да прифатиме компромис, но не и понижување

По состанокот со помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека двете земји имаат различни ставови за Косово и Метохија. Порача дека Белград може да прифати компромис, но не и понижување.

„Колку и да е мала, колку и да е Србија неважна за големите сили, можеме да прифатиме компромисно решение, но не и понижување на сопствениот народ“, изјави Вучиќ и додаде дека секој компромис е тежок, но тоа мора да го прифати и другата или третата страна.

Српскиот претседател му рече на американскиот диоломат дека е речиси уверен оти Приштина нема да го спроведе Бриселскиот договор, односно формирањето на Заедницата на српските општини. Според Вучиќ, додколку Албанците сакале, ќе го спроведеле тоа пред пет години, па затоа смета дека нема да го направат ниту сега.

Мичел изјави дека САД го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина и ги повика двете страни да ги спроведат презедените обврски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари