Вучиќ: Македонија и Албанија се во незавидна ситуација

Македонија и Албанија се во многу незавидна ситуација, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ пред новинарите во Баку.

„Наверојатно во јуни ќе бидат пофалени за да не изгледа дека е катастрофа и не добиле ништо, но нема да им се овозможи да ги започнат преговорите“, вели Вучиќ.

Во однос на Србија, претседателот рече дека не се знае дали ќе остане 2025-та година, како рок за влез на земјата во Европската Унија.

„И ЕУ е свесна дека дури и да ги исполниме сите обврски – владеење на правото, слободи и така натаму, останува најтешкото прашање – односите со Приштина. Никој не знае дали ќе дојде до таму, можеме само да претпоставуваме“, рече Вучиќ.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари