Претседателот на Србија денес категорично изјави дека изјави дека Србија нема да го признае Косово ниту на сон.
Тој ова го рече во врска со изјавата на претседателката на Косово, Вјоса Османи, која рече дека зад „нон-пејперот“ што беше објавен стои Белград.
„Ако се надеваат дека Србија ќе го прифати признавањето на независноста на Косово, ви велам дека не треба ниту да сонуваат, а камоли дека Србија стои зад такво нешто“, рече Вучиќ.
[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=3753&v=cKD31GnfOxE&feature=emb_title[/embed]
„Гледам сега дека тие слават цел ден дека Нетфликс ги стави на нивната листа. Нетфликс ве стави на таа листа, што ќе направат Обединетите нации и Интерпол за вас. Гледајте филмови, шутирајте ја топката, сè е во ред“ – изјави тој.
По два месеци онлајн кампањи, Нетфликс денес го додаде Косово на списокот на земји.