logo
logo
logo

Ние немаме вакцини ни за нас, ВУЧИЌ ЌЕ СИ ЈА ВАКЦИНИРА ДИЈАСПОРАТА

Vecer | 27.04.2021

Ние немаме вакцини ни за нас, ВУЧИЌ ЌЕ СИ ЈА ВАКЦИНИРА ДИЈАСПОРАТА

Србија одредни посебен датум за вакцинирање на српски граѓани од дијаспората и  тоа е 15 мај, а вакцинацијата ќе биде во Белград.

Ова го овозможи тимот на програми за поврзување со српската дијаспора „Точка на повраток “, со поддршка на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација и Владата на Република Србија.

„Во изминатиот период добивме многу прашања од дијаспората во врска со вакцинацијата против КОВИД-19 во Србија. Главниот проблем што ни го посочија нашите граѓани во дијаспората кои сакаат да се вакцинираат е тоа што не можеа да го добијат точниот датум за вакцинација повеќе денови однапред, за да имаат доволно време да организираат патување во Србија“, вели директорот на програмата „Точка на повраток“, Иван Бркjац.

Со цел да се задоволи оваа потреба, „Точка на повраток“, со поддршка на ИТ канцеларијата и Владата на Србија, ќе организира вакцинирање на граѓани на Република Србија кои живеат во странство на 15 мај, во Белград.

Заинтересираните го имаат формуларот на  е-управа, а сите оние кои ќе се пријават на овој начин, ќе добијат потврда на 1 мај 2021 година, за датумот на вакцинација, како и точното време кога треба да бидат на Белградскиот саем на 15 мај 2021 година.

Апликацијата за вакцинација на граѓани на Република Србија од дијаспората ќе биде отворена од вторник, 27 април, до петок, 30 април, во 23:59 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk