Вучиќ: Какво и да е решението за Косово, тоа нема да биде безболно за Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рекол дека сè уште нема предлог за решение за Косово и дека не е сигурен дека ќе понуди решение до крајот на овој месец. Тој ветил дека на него ќе работи сериозно, одговорно и храбро, но и констатирал дека тоа сигурно нема да биде лесно за Србите.

Тој рекол дека предлогот за решение, ако тоа биде можно, ќе го направи така што нема да ја ослабне позицијата на Србија, но и дека гарантира дека вредно ќе работи за Србија и Косово да постигнат договор.

Вучиќ додал дека не спаѓа во оние луѓе кои се за тоа да се одржува замрзнат конфликт и да се чекаат подобри времиња.

„Од тоа само ќе дочекаме полоши и потешки времиња“, рекол Вучиќ, пренесува „Танјуг“. Тој истакнал дека и да излезе со какво било решение, уверен е дека тоа ќе биде дочекано „на нож“ и тоа и во регионот и во светот, а особено во Србија.

„Не ми е целта да кажам нешто за да задоволам некого на запад, а до тоа решение да не дојдеме, туку целта ми е да ги задоволам граѓаните на Србија“, рекол тој.

Единствено во што сум сигурен, додал Вучиќ, е дека решението нема да биде безболно за нас Србите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари