Вучиќ ѝ се заблагодари на Шпанија за ставот за Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Софија разговараше со амбасадорот на Шпанија во ЕУ, Пабло Гарсија, при што му заблагодари за сѐ што Мадрид направи за Србија.

Шпанија е единствената членка на Европската Унија чиј премиер не присуствуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан, а на негово место во Софија пристигна амбасадорот Гарсија.

Како причина за отсуството на Маријано Рахој беше наведено Косово кога премиерот категорично одби да седне на иста маса со Хашим Тачи или кој било друг претставник на Косово да се фотографира или да разговара со него.

Шпанија е една од петте земји членки на ЕУ што не ја признаваат косовската независност.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари