– Отворен разговор со Жозеп Борел за сложената ситуација на Косово, како и за последиците од неодговорното однесување на институциите во Приштина.

Повторив дека од почетокот одговорно, совесно и сериозно пристапивме кон решавањето на сите отворени прашања во текот на дијалогот со Приштина и нагласив дека на сите еднострани потези и провокации одговоривме трпеливо и смирено.

За Србија, безбедноста на српската заедница на Косово отсекогаш била приоритет, заедно со зачувувањето на мирот и стабилноста. Укажав дека формирањето на Заедницата на српските општини е основна обврска од Бриселскиот договор, а особено истакнав дека од приоритетно значење е институциите во Приштина да престанат со насилството и да се вратат на дијалогот – се наведува во соопштението на претседателот на Србија, објави српски Курир.