logo
logo
logo

Вучиќ го откажа патувањето во Братислава

Vecer | 30.05.2023

Вучиќ го откажа патувањето во Братислава

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека го откажал патувањето во Братислава и воедно упати порака до Квинта да исполни два услови, јави дописникот на МИА од Белград.

На Инстаграм профилот „Иднината на Србија“, Вучиќ истакна дека за безбедноста на луѓето во Косово е важно Квинта да исполни два услови:

-Вчерашниот ден беше исклучително тежок за српскиот народ. Убеден сум дека ќе успееме да се избориме за слободата на нашиот народ, за безбедноста на нашиот народ на Косово и Метохија. Има еден толку мал услов за тоа, што не можам да верувам дека луѓето од Квинта, најмоќните западни земји, не можат да го исполнат - а тоа е повлекување на полициските сили од северот на Косово и вториот е отстранување на лажните градоначалници кои реално никого не претставуваат. Што се однесува до нас, ќе продолжиме да се залагаме за мир и да го зачуваме тој мир и во однос на Кфор и во однос на сите други, рече Вучиќ.

Вучиќ објасни дека го откажал патувањето во Братислава „бидејќи ми е поважно да бидам со мојот народ и денеска ќе ги посетам нашите војници“.

-Убеден сум дека и вистината и правдата и Србија ќе победат на крајот, рече тој на крајот од своето видео.

И премиерот на Косово Албин Курти нема да учествува на Форумот во Братислава поради ситуацијата на северот на Косово.  /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk