logo
logo
logo

Вулин

„Вучиќ е МЕТА НА НАРКО-КЛАНОВИ“

Vecer | 25.11.2021

„Вучиќ е МЕТА НА НАРКО-КЛАНОВИ“

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин изјави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ е мета на наркокланови.

Како што вели, со разбивањето на кланот Беливук-Миљковиќ не само што изгубиле пари, туку првенствено им била украдена базата за регрутирање.

„Претседателот Вучиќ, воведувајќи ја оваа акција и инсистирајќи да се спроведе безрезервно, им ја зазеде базата за регрутирање. Тие ги регрутираа нашите деца овде за да вршат разни злосторства“, рече Вулин на седницата на парламентарната Комисија за одбрана и внатрешни работи, каде што ги презентираше резултатите на работата на МВР.

Тој додаде дека оваа банда убивала не само во Србија, туку и во други земји, а не само на Балканот, соопшти МВР.

Како што рече, заземањето на базата за регрутирање е најсилниот удар на Кавачки и Шкаљарски клан, кои регрутираните деца ги користат како потрошен материјал, бидејќи добар дел од нив биле убиени од овие кланови.

Министерот Вулин посочи дека се докажани голем број криминални дела убиства и истакна дека ќе биде разочаран и изненаден доколку сите членови на овој клан не добијат доживотен затвор.

Министерот прецизира дека во текот на оваа година полицијата открила 21 организирана криминална група и уапсила околу 150 осомничени кои биле нивни членови.

Министерот за полиција изјави дека оваа година, во однос на 2019 година, која беше историска по заплената на наркотици, ќе биде рекордна, но додаде дека никогаш не е задоволен во таа смисла и дека полицијата мора да посвети поголемо внимание на пронаоѓање нелегални лаборатории.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk