logo
logo
logo

Вучиќ: Дел од ЗАПАДНИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ЛИЦЕМЕРНИ

Vecer | 14.05.2021

Вучиќ: Дел од ЗАПАДНИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ЛИЦЕМЕРНИ

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со таканаречениот „нон-пејпер“ и промената на границите на Западен Балкан, претседателите на Србија и Словенија остро се спротивставија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека дел од западните земји е „лицемерен“ кога сега вели дека нема промена на границите, истакнувајќи дека единствениот принцип за Србија е меѓународното право и повелбата на Обединетите нации, додека другите се „ лажни и непостоечки ".

„Овие лажни принципи служат да ни наметнуваат одлуки. Јас немам проблем со тоа, само нека кажат - вие Србите сте поразени, ние ве згазивме и мора да слушате, а потоа ќе размислиме. Тоа не е многу фер и искрен пристап, но тоа е барем е точен“, рече Вучиќ, во заедничкото обраќање со претседателот на Словенија Барут Пахор.

Вучиќ рече дека тоа е негов одговор на пораките од некои земји дека нема да има промена на границите, наведувајќи дека тоа не се однесува на Пахор, кој е „искрен пријател на Србија, туку на оние кои зборуваат за принципите и никогаш не се придржувале на кој било од нив“.

Како што рече, таквите луѓе ги сменија границите на Србија и пред тоа ја бомбардираа без одлука на ООН. Според него, Србија ќе се придржува до реалните принципи, исто како што не призна дека Крим е дел од Русија, ниту „признава отцепувања што се случуваат насекаде“.

Ниту Пахор не верува во промена на границите

Претседателот на Словенија рече дека не верува дека промените на границите на Западен Балкан се можни на мирен начин, бидејќи, како што рече, станува збор за многу сложено прашање.

Пахор рече дека некои нови граници се формирани во 90-тите години на минатиот век со надеж дека ќе преовладаат мирот и надежта за европска перспектива.

„Тоа е важно не само за мирот, безбедноста и просперитетот во оваа област, туку и за Европската унија“, рече Пахор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk