logo
logo
logo

Возовите во Грција повторно сообраќаат, но побавно

Vecer | 22.03.2023

Возовите во Грција повторно сообраќаат, но побавно

По несреќата на 1 март, во поширокото подрачје на Атина, пристаништата Патра и Солун сообраќаа само товарни возови. Патничките линии што ја поврзуваат Атина со аеродромот сега се повторно воспоставени, покажаа телевизиските снимки.

Премиерот Киријакос Мицотакис синоќа повторно се извини за несреќата и вети модернизација на грчките железници. Тој порача и дека нема да дозволи да се прикријат причините за оваа страшна несреќа.

Владата е многу внимателна во воспоставувањето на железничкиот сообраќај. Возовите сообраќаат побавно бидејќи едвај работат контролните и безбедносните системи, а меѓуградската линија меѓу Атина и Солун, каде што се случи несреќата, нема да започне пред 1 април.

Железничарите не престануваат со штрајк и бараат темелна истрага за причините за несреќата.

Шефот на железничката станица во Лариса е уапсен бидејќи испратил патнички воз на погрешна пруга, но човечката грешка немало да има последици доколку функционирал електронскиот безбедносен систем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk