logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од Србија: Амбулантно возило прегази жена - Не ни забележаа дека ја прегазија

Vecer | 05.12.2022

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од Србија: Амбулантно возило прегази жена - Не ни забележаа дека ја прегазија

Постара жена била удрена од Брза помош додека се движело во рикверц. Целата драма се одвивала во Србија, а се е снимено од надзорните камери.

Според податоците од надзорните камери, тоа се случило на 3 декември во утринските часови.

Додека жената се движела по патеката, на неа налетало возило, но возачот, но и медицинскиот персонал не ја забележале.

Жената останала заглавена под возилото се додека не ја забележале медицински лица кои се упатиле кон влезот на зградата.

Тие и пришле на помош, а возачот морал да го придвижи возилото напред за жената да стане.

Се претпоставува дека жената не го слушнала возилото додека се движело во рикверц.

Од Итната помош соопштија дека се информирани за целиот настан и ги утврдуваат околностите на несреќата.

Видеото го објави Курир, а можете да го погледнете ТУКА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk