logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Кланот на Веља Невоља ги мелел жртвите па им испраќал ќебапи од човечко месо на Звицер

Vecer | 15.05.2021

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Кланот на Веља Невоља ги мелел жртвите па им испраќал ќебапи од човечко месо на Звицер

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто на ТВ Прва, објави дел од ѕверствата на озлогласената група на Вељко Беливук, а беа прикажани и снимки и фотографии од „бункерот“ во викенд-куќата во белградската населба Ритопек.

Вели дека полицијата открила и други места користени од групата.

„Тие имаа и други станови, со помош од некои амбасади во Белград, што за мене е неверојатно. Интересно е затоа што амбасадите имаат свои безбедносни служби. Тоа нема да остане непроверено“, порача тој.

Повтори дека луѓето кои биле убавани, биле расечени на парчиња, со откинати глави, раце, нозе, а остатоците од телото се ставале во машина за мелење на месо.

„Еден од месарите, му испраќал мелено месо од луѓе на Звицер, во форма на ќебапи“, истакнал Вучиќ.

Тој му порачал на Звицер, наводниот водач на Кавачкиот клан, дека нема да биде на слобода додека тој е жив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk