logo
logo
logo

Вооружен судир меѓу мигранти во Србија- еден загинат, повредено и девојче

Vecer | 02.07.2022

Вооружен судир меѓу мигранти во Србија- еден загинат, повредено и девојче

Повредените мигранти, меѓу кои и 16-годишно девојче чиј живот е во опасност, се примени во болница во Суботица. Полицијата, жандармеријата на МУП на Србија и брзата помош излегле на местото на судирот, а полицијата ги блокирала приодите до шумата каде се случила пресметката.

Полицијата утрово добила дојава од граѓани дека се слуша пукање во шумата во Макова Седмица, по што силни полициски сили на местото на конфликтот пронашле повредени лица, па била повикана брза помош. Претседателот на Советот на месната заедница Макова Седмица, Мирсад Налиќ изјави дека се судриле мигранти од Авганистан и Пакистан.

„Овде со денови, од утро до вечер, минуваат такси со сомборски регистерски таблички и ги носат во шумата. Полицијата интервенира, но тие се враќаат по еден час“, тврди Налиќ. Во болницата во Суботица на шестмината повредени од истрели им била укажана помош, а во најтешка состојба е 16-годишно девојче за чиј живот се борат лекарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk