logo
logo
logo

Војникот, кој го претепа Дедо Мраз, останува во притвор (ВИДЕО)

Vecer | 26.01.2023

Војникот, кој го претепа Дедо Мраз, останува во притвор (ВИДЕО)

Во обвинителниот акт е предложено продолжување на притворот за 25-годишникот.

Двајцата се обвинети дека гореспоменатите кривични дела ги извршиле на Бадник минатата година пред ресторан во Славонски Брод. Тој ден во периодот од 15 до 15 часот и 30 минути настанала тепачка помеѓу неколку лица, а во неа учествувале и обвинетите млади момчиња.

Кога еден од учесниците во тепачката, кој бил облечен во костим на Дедо Мраз, паднал на земја, 25-годишникот го удрил двапати со нога по главата, нанесувајќи му тешки физички повреди.

27-годишникот е обвинет дека ја удрил жртвата со клоци во левата страна на градниот кош, при што на жртвата ѝ се набиени ребра. Набргу по инцидентот, Министерството за одбрана потврди дека 25-годишникот е нивни вработен и дека веќе имало дисциплинска постапка.

Против него е покрената постапка во хрватската армија, при што тој бил отстранет од служба и му престанал работниот однос. „Вработениот во хрватската армија кој учествуваше на настанот на 24 декември 2022 година е сменет од должност, а сето тоа согласно Законот за служба во вооружените сили на Република Хрватска“, потврдија од Министерството за одбрана, пренесе Данас.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk