Истиот ден, воен дрон слетал во двор од куќа во селото Тавник. Двете села се наоѓаат веднаш до воениот аеродром Лаѓевци, пишува Нова.рс.

Дрон вчера околу 14 часот слета на гробиштата во село Обрва. Звукот на моторот ги вознемирил мештаните. Велат дека кога го виделе падобранот отворен, сфатиле дека нешто не е во ред со леталото.

„Прво мислев дека нешто се вежба. Слушнав како моторот на дронот врти. Изгасна, а набргу потоа го видов падобранот отворен, сфатив дека нешто не е во ред со леталото“, изјави Милан Среќковиќ од Обрва.

Како што изјави за Нова.рс, на гробиштата видел авион со падобран околу споменикот.

„Со десното крило се потпираше на споменик. Не беше оштетен кога слета. Често ги гледаме, но никогаш не слетале во близина на населено место“, вели Среќковиќ.

Според жителите на околните села, пред неколку месеци сличен случај се случил и во селото Мрсаќ.

Вчера на вежбата на аеродромот Лаѓевци, беспилотно летало непланирано слетало во двор од куќа во село Тавник.

Инаку, во последните неколку месеци селаните во околината на аеродромот Лаѓевци велат дека неколку пати виделе дронови како слетуваат на околните ниви. Но, никој никогаш не можел да ги сними настаните бидејќи војската многу бргу ги лоцирала и отстранила беспилотните летала.

Нова.рс пишува и дека на аеродромот има група воени експерти од Кина и дека постои можност на аеродромот да се одвива обука за опрема увезена од Кина.