logo
logo
logo

Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани

Vecer | 28.07.2021

Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани

Во Врање продолжува трендот македонските државјани повеќе да се вакцинираат против Ковид-19 од граѓаните на Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

Според податоците на Здравствениот центар (ЗЦ) од Врање, вчера во овој град во јужна Србија се аплиицрани вкупно 213 вакцини, од кои прва доза примиле 70 македонски граѓани, за разлика од 38 српски. Втора доза, пак, примиле 58 македонски државјани, за разлика од 47 Срби.

Прва доза Фајзер примиле 70 лица, а втора – 56 граѓани. Прва доза на кинескиот Синофарм е дадена во 38 случаи, а втора во 49 случаи. Руската вакцина Спутник В и Астра Зенека во Врање не беа аплицирани вчера, наведуваат од ЗЦ во Врање.

Според податоците, вкупниот број вакцинирани граѓани на Врање и од други градови во Србија, Северна Македонија и други земји во Спортската сала во Врање од почетокот на вакцинацијата до 27 јули е 77 736 лица.

Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза им била дадена на граѓани од Србија во 28 106 случаи, лица од Северна Македонија примиле 12 258 дози, а државјаните на БиХ шест дози.

Што се однесува до втората доза, на Србите им се дадени 27 524 дози, на македонските државјани 9717 и на државјаните на БиХ седум.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk