logo
logo
logo

Во Србија започнаа апасења на цели фамилии за извршени убиства

Vecer | 24.05.2023

Во Србија започнаа апасења на цели фамилии за извршени убиства

Во Србија започнаа апасења на цели фамилии за извршени убиства. Уапсен е таткото а поднесена кривична пријава против мајката на малолетникот за десеткратното убиство во белградското училиште  Рибникар. Уапсен е таткото на масовниот убиец од Младеновац, с сега е објавено апсење и на фамилијата на убиец од Прибој.

Веќе четврти ден се трага по Игор А., полицаец осомничен за убиство на сограѓанинот Ервин Ќ. од Прибој,  а татко му, братучед и девојка му се приведени бидејќи, како што се сомнева полицијата, му помогнале да избега од Србија.

Се верува дека избегал во Босна, а најмногу му помогнала девојката која е приведена и која работи на граничниот премин.

„Го бараат во Прибој и Пријепоље, а ние имаме многу диви гранични премини, па лесно можел да премине во Босна и Херцеговина или Црна Гора. Според она што го слушнавме, се зборува дека илегално преминал кај Рудо" карши реката Увац, изјави за РИНУ жител на Прибој.

Во тек се сослушувањата на неговото семејство, пријателите и сведоците на убиството за кое се сомничи дека Игор А. го сторил ноќта меѓу саботата и неделата во позната кафеана во Прибој.

Му пријде на масата и го удри

Според очевидци, Игор А. дошол за викенд во родниот Прибој и бил со колега во позната кафеана. Двајцата стоеле на шанкот. Во еден момент Игор му пришол на Ервин Ќ. и почнал да се расправа со него. По дискусијата тој наеднаш почнал да го удира по глава користејќи метален боксирач додека не останал да лежи неподвижен.

Во кафулето почнале врисоци, а се слушнало „Немој Игор, ќе го убиеш“.

Инаку, Ервин остана без родители, живееше сам, а погребот ќе го организираат неговите сестри, чичковци и други роднини. Во Прибој сите имаат пофалби за него, наведувајќи дека бил мирен, учтив и примерен млад човек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk