Во Србија уапсенa група што продавала расипано месо од Бразил

Седум лица беа уапсени во Србија под сомневање дека продале околу 31 тон расипано месо и месни производи од Бразил, пишува „Блиц“.

Во соработка со полицијата од Јагодина и Ужице, беа уапсени од П.С, Д.Д., С.М., М.М., Џ.Л. и М.М. Тие се обвинети за заедничко извршување на кривични дела и злоупотреба на службената функција.

Тие се осомничени за купување на околу 31 тон месо и месни производи од Бразил во периодот од јуни до август годинава, на кои им истекол рокот на траење. Потоа тие го препродавале ова расипано месо на разни компании вклучени во преработка на месо и месни производи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари