logo
logo
logo

Во Србија ќе работат само продавниците за храна, бензинските и аптеките

Vecer | 16.03.2021

Во Србија ќе работат само продавниците за храна, бензинските и аптеките

Србија ќе биде „затворена“ до крајот на неделава, вклучително и за време на викендот, одлучи Кризниот штаб. Покрај продавниците за храна, бензинските пумпи и аптеките, ќе работат и банките и производствените капацитети.

Други објекти, како што се кафулиња, ресторани, спортски сали, итн. ќе бидат затворени.

„ Ова е првенствено поддршка за нашите здравствени работници и целиот здравствен сектор. Ова е компромисно решение затоа што мерките се општи, но во моментот тие се на сила пет дена, иако медицинскиот дел бараше најмалку 14 дена. Дали ќе има продолжување во понеделник зависи повторно од сите нас. Апелирам за максимална дисциплина и разбирање на состојбите во нашиот здравствен сектор “, рече српската премиерка Ана Брнабиќ.

„ Ќе разговараме со сите оние кои се во економија а се загрозени со овие мерки – угостители, музичари, фотографи.Вчера разговарав со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за тоа како овие мерки ќе влијаат на економијата и младите“, рече Брнабиќ.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk