Во Солун протести против Договорот од Преспа

Во организација на грчките „Панмакедонски здруженија“ и „Комитетот за борба за Македонија“ во Солун пред половини час почна протестот против Договорот од Преспа.

Демонстрантите се собраа пред Белата кула во Солун, а со протест низ улиците ќе стигнат до објектот каде што се одржува Меѓународниот саем и каде говор ќе одржи грчкиот премиер.

„Македонија е грчка“, „Предавници политичари“ и „Грција, Грција, Македонија“, извикуваат насобраните граѓани.

Солун е денеска под силни безбедносни мерки и поради саемот и гостите од САД, но и поради закажаните четири различни протести.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари