logo
logo
logo

Во Словенија опаѓа бројот на новозаразени, но состојбата во болниците не се подобрува

Vecer | 26.11.2021

Во Словенија опаѓа бројот на новозаразени, но состојбата во болниците не се подобрува

Во последните 24 часа се откриени 2.364 нови инфекции со 6.523 тестови, со 36,2 отсто позитивни наоди кај тестираните, а починале 17 пациенти, објави денес Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Бројот на новозаразени е намален во однос на претходниот ден кога ги имало 2668, а падот е уште поизразен на неделно ниво, бидејќи пред седум дена имало 3517.

Во Словенија во моментов активно се заразени 41.492 лица, што е за 1.067 помалку од претходниот ден, покажуваат новите податоци на НИЈЗ.

Седумдневниот просек на зарази во еден ден исто така се намалил на 2.622 случаи, инциденцата на 14 дена исто така опаѓа и сега изнесува 2019 на 100.000 жители.

Состојбата во болниците

Иако епидемиолошките криви опаѓаат неделава, подобрувањето се уште не се чувствува во болниците, каде состојбата се уште е многу тешка, особено во одделенијата за интензивна нега, каде бројот на заболени расте од ден на ден.

Во болниците во моментов има 1.137 пациенти со коронавирус, додека на одделенијата за интензивна нега има 289 пациенти.

„Во просек примаме пет до седум нови пациенти дневно и ја преминавме границата на капацитетите кои обезбедуваат соодветен и професионално оптимален третман“, изјави за медиумите Матјаж Јереб, раководител на одделението за интензивна нега на Инфективната клиника во Љубљана.

Тој предупредува дека може да се случи „катастрофа“ доколку одделенијата за интензивна нега продолжат да се полнат.

Според пишувањата на медиумите, словенечката влада би можела следната недела да објави кои правила против епидемијата ќе важат за време на божиќните и новогодишните празници, особено кога станува збор за саеми и други настани. Министерството за економија е задолжено тие предлог мерки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk