Полициски службеници на полициската управа на МУП на кантонот Сараево синоќа околу 20 часот по наредба на дежурниот обвинител уапсиле 18-годишник, кој се сомничи дека лажно пријавил дека се поставени бомби во неколку сараевски училишта последниве денови преку е-пошта, пишува Кликс.
По кривичната обработка во МУП на КС, истиот ќе биде предаден на Обвинителството на КС.
Тој е осомничен за кривични дела загрозување на безбедноста и лажно пријавување.
Во текот на изминатите недели, речиси секој ден по осум пати во некои училишта во Сараево пристигнувале извештаи за наводно поставени бомби.
Дополнително, биле испратени извештаи до трговските центри и аеродромот во Сараево, што доведе до евакуација и прекин на летовите и работата.
Досега се приведени повеќе лица, претежно малолетни, кои се приведени или сместени во просториите на поправниот дом на кантонот Сараево.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата