Во Панчево синоќа имало истекување на амонијак од камион

Во населбата Топола кај јужната индустриска зона во Панчево синоќа околу 11 часот имало истекување на амонијак од камион цистерна, при што во општата болница Панчево се пренесени 10 лица со полесни повреди, од кои двајца се на кислород, рекоа за танјуг од итната помош во Панчево.
Останатите имале поблаги проблеми со горните дишни органи. Никој немал труење. Полицијата и пожарникарите ги евакуираа сите граѓани кои живеат во близина на местото на инцидентот, а местото беше обезбедено. Протекувањето дошло на паркингот на компанијата Сага, дознава Танјуг. Цистерната била паркирана покрај индустриска пруга која не е јавна железница, туку индустриска пруга која припаѓа на Азотара Панчево.