logo
logo
logo

Во Панама е застрелан шефот на озлогласениот „Кавачки клан“, Радоје Звицер

Vecer | 30.09.2022

Во Панама е застрелан шефот на озлогласениот „Кавачки клан“, Радоје Звицер

Според првичните информации, Звицер бил застрелан во изнајмена вила во Панама и се бори за живот. Според неофицијални информации од панамските новинари, тој во моментот на атентатот бил во друштво на неговиот близок соработник Б.М. Додаваат дека официјалната потврда од полицијата ќе стигне за неколку дена.

Да потсетиме, извршени се неколку обиди за атентат врз Звицер. Звицер бил изрешетан предминатата година среде бел ден додека џогирал во близина на неговиот стан во Киев.

Радоје Звицер е еден од највлијателните луѓе во подземјето во последните години. Тој, заедно со Слободан Кашчелан, бил назначен за водач на Кавачкиот клан, кој е поврзан со трговија со дрога, убиства и многу други криминални дејствија, пишува српски Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk