logo
logo
logo

Во Ниш три пати повеќе луѓе од вчера, ги враќаат тие што немаат закажано за вакцина

Vecer | 28.03.2021

Во Ниш три пати повеќе луѓе од вчера, ги враќаат тие што немаат закажано за вакцина

Откако вчера голем број македонски граѓани беа вакцинирани во Ниш без да имаат закажано, денеска таму тргнаа стотици луѓе, но според извештаите на оние што се таму пред спортската сала „Чаир“, голем дел од нив ќе останат без вакцини, пишува Независен.

Како што вчера изјавија српските власти продолжувањето на вакцинацијата за време на викендов ќе биде спроведена само кај оние што претходни имаат закажано или пак се пријавиле преку српската стопанска комора.

„Има ред од 300 метри. Нас нѐ вратија, бидејќи немаме закажано. Не знаат ни дали ќе им стигнат дози за пријавените“, изјавил Радио МОФ, 24-годишниот Петар М.

Вчера не беше така. Сите што пристигнаа беа вакцинирани, без оглед дали биле пријавени или не. Дури некои што имале закажан термин во Белград застануваа по пат во Ниш за да ја пробаат среќата таку да ја добијат вакцината и да не одат во белградскиот Саем, каде што се собраа дури дваесетина илијади луѓе од целиот регион.

Александар Миличевиќ, директор на регионалната стопанска комора во Ниш за медиумите изјави дека денеска очекувале околу 1.500 лица, но пред пред вакциналниот пункт стигнале многу македонски државјани кои воопшто не биле пријавени за вакцинација. Тој вели дека се обиделе да излезат на сите во пресрет, но викендов биле обезбедени околу 3.000 дози.

„Денес не може да се добие вакцина за секој оној кој не е регистриран прво преку Стопанската комора на Србија, преку разни организации. Има не само граѓаните од Северна Македонија, има и од Бугарија, има од од Косово. Оние кои се пријавени во Белград, ќе мора вакцина да бараат во Белград“, изјави Миличевиќ.

Вакцинирањето во Ниш е со вакцините „АстраЗенека“ и е бесплатно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk