logo
logo
logo

Во Кумровец се одржува манифестацијата Ден на младоста-радоста

Vecer | 27.05.2023

Во Кумровец се одржува манифестацијата Ден на младоста-радоста

Настанот го организираа Сојуз на здруженија „Јосип Броз Тито“ и Здружението на антифашистички борци и антифашисти на Република Хрватска во соработка со општина Кумровец и Крапинско-загорската жупанија, пренесува Вечерњи лист.

Претседателот на Сојузот на антифашистичките борци Фрањо Хабулин рече дека би сакал да се избегнуваат политички говори и денешната свеченост да биде посветена на младите кои се гаранција за развој и напредок. Јован Вејновиќ, раководител на Сојуз на здруженија „Јосип Броз Тито“, истакна дека тие се занимаваат со „евоцирање факти, достигнувања, реалност, а не митологија и покривање на споменици со церада“.

Градоначалникот на општина Кумровец, Роберт Шплајт, истакна дека нивната цел не се идеологии или приказни поврзани со историјата, кои, нагласува, привлекуваат зли мисли, туку сака луѓето во Кумровец да се забавуваат и што повеќе млади луѓе да дојдат на Денот на младоста - радоста.

„Секоја година месец мај ги буди тие контра мисли и некоја десничарска ситна политика, каде  секогаш им пречи и секогаш е виновен нашиот кумровчанец Јосип Броз Тито. Не го сакаме тоа овде во Кумровац, вели Шплајт. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk