Во компанија во БиХ стигнала пратка банани, биле полни со кокаин

Како што неофицијално дознаваат, сопственикот на фирмата случајот го пријавил во полиција откако вработени во фирмата која се занимава со увоз и извоз на овошје откриле дрога во бананите.
Според првичните информации, кокаинот се нашол во компанијата најверојатно поради грешка при испораката.
Припадниците на Државната агенција за истраги (СИПА) излегле на терен и ги спроведуваат сите потребни истраги за расветлување на овој случај во Широки Бријег.
Се проценува дека количината на кокаин е меѓу 120 и 150 килограми, чија вкупна вредност е меѓу 20 и 30 милиони конвертибилни марки.
Според информациите на порталот Klix.ba, ваквата состојба е поврзана со прекуграничен криминал, а истрагата ја води СИПА. Случајот е во надлежност на Обвинителството и Судот на Босна и Херцеговина.