Статистика

Во ИД има 120 албански државјани, годинава не заминал ни еден

Во изминатите десет години најмалку 120 албански граѓани се прклучиле кон терористичката Исламска држава, а на боиштата, пред се во Сирија, се убиени повеќе од дваесет

Во изминатите десет години најмалку 120 албански граѓани се прклучиле кон терористичката Исламска држава, а на боиштата, пред се во Сирија, се убиени повеќе од дваесет.

Овој податок е изнесен на Форумот „Граѓанскиот сектор против насилниот екстремизам" одржан во северниот албански град Скадар, на кој посебен акцент беше ставен на законските прописи и начинот како да се идентифкуваат екстремистите.

- Благодарение на законските иницијативи,годинава во Сирија не заминал ниеден наш граѓанин. Но, фактот дека сега нема, не треба да значи дека нема да има подоцна. Ангажраноста на сите повикани е неопходна. Потребни се посебни програми и политики, изјави Клејда Нѓела од албанскиот хелсиншки комитет.

Според неа проблем и понатаму е третирањето на овие лица, посебно на лицата кои се вратиле од боиштата, но и на нивните семејства.

Албанија има усвоено национална статегија за борба против насилниот екстремизам а лани усвои и закон со кој се забранува учество во странски војски а за албанските државјан кои учествуваат во нив предвидена е казна затвор во траење до 15 години.

Поврзани

Најнови вести

Коментари