Во Хрватска поднесена првата пријава за ширење на лажни вести

Хрватската полиција ја поднесе својата прва пријава за ширење лажни вести во земајата поврзани со мигрантите во Хрватска.

Пријавата е поднесе против 34-годишен маж кој ширел лажни вести дека бил нападнат од мигранти.

Според Index.hr, мажот снимил видео и го испратил до новинар, тврдејќи дека бил нападнат од мигранти.

Видеото беше објавено на локална телевизија, но полицијата откри дека човекот воопшто не бил нападнат и против него е поднесена прекршочна пријава поради ширење на лажни вести.

Според членот 16 од хрватскиот Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, за ширење лажни вести е предвидена парична казна или затвор до 30 дена.

Исто така, тамошните медиуми пишуваат дека ова е прва пријава од овој вид во Хрватска, а во земајта досега е забележано тековно ширење на лажни вести за мигрантите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари