Во Хрватска две лица починаа од западнонилска треска , ХЗЈЗ издаде сериозно предупредување

По втората смрт од западнонилска треска во Хрватска, експертите од Институтот за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ ги предупредуваат граѓаните како да се заштитат од комарци што го носат овој опасен вирус.

Инфицираните комарци, најчесто од родот Culex, се одговорни за пренесување на западнонилскиот вирус и најчесто се распространети на подрачјето на Хрватска, особено во летните месеци. Вирусот се одржува во природата во циклус меѓу комарци и птици кои се примарни вируси. Инфицираниот комарец го пренесува вирусот на луѓето, копитарите и на другите цицачи со убод, но вирусот не може да премине од човек на човек.

Досега во Хрватска починаа две лица. Еден човек од Бели Манастир, кој имаше хронична болест, почина пред десет дена, а за време на викендот во загрепската инфективна клиника почина 84-годишен маж. Во болницата, според вчерашните информации, на апаратите се приклучени уште четири лица кои се во кома. Кај повеќето од овие луѓе тоа е клиничка форма на болест која влијае на централниот нервен систем.

Со вирусот е инфицирано и 6-годишно девојче од Вуковар, но нејзината состојба не е опасна по живот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари