logo
logo
logo

Во Грција се преврте брод со мигранти, десетици исчезнати

Vecer | 10.08.2022

Во Грција се преврте брод со мигранти, десетици исчезнати

Спасените мигранти рекоа дека нивниот брод тргнал од Анталија, Турција, за Италија со 60 до 80 луѓе, според портпаролот на крајбрежната стража.

Бродот се превртел и потонал во близина на островот Карпатос во јужниот дел на Егејското Море, изјави портпаролот Никос Кокалас за државната телевизија. Операцијата за пребарување и спасување започнала во раните утрински часови додека дувал силен ветер, додаде тој.

Спасените мигранти се Авганистанци, Иранци и Ирачани, изјави друг член на крајбрежната стража.

Грција беше на првата линија на европската мигрантска криза во 2015 и 2016 година, кога милиони бегалци кои бегаа од војна и сиромаштија во Сирија, Ирак и Авганистан пристигнаа во земјата, главно преку Турција.

Оттогаш, бројот на пристигнати мигранти значително се намали. Но, грчките власти велат дека неодамна забележале нагло зголемување на обидите за влез во земјата преку островот и континенталната граница со Турција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk