logo
logo
logo

Во Грција почна судењето на активистите, кои спасуваа мигранти- им се суди за шверц на луѓе

Vecer | 10.01.2023

Во Грција почна судењето на активистите, кои спасуваа мигранти- им се суди за шверц на луѓе

Европскиот парламент го нарече најголемиот случај на криминализација на солидарноста, а меѓу обвинетите е и пливачката Сара Мардини, која со својата сестра Јусра побегна од Сирија.

Судењето започна во Митилена на Лезбос, а беше одложено за петок.

Како член на бегалскиот тим, Јусра учествувала на Олимписките игри во Бразил, а нивната приказна беше преточена во филмот „Пливачките“.

Во 2018 година, активистите беа притворени неколку месеци поради нивната наводна вмешаност во шверц на луѓе, но обвинението сега е проширено за да вклучи шпионажа, нелегален пристап до државните комуникации, перење пари и помагање и поттикнување криминал.

Во 2018 година, полицијата изјави дека активистите собирале информации за приливот на бегалци од турскиот брег кон грчките острови Лезбос и Самос и директно им помагале на организираните шверцерски групи.

Мардини денеска не се појави во судница бидејќи е избркана и ѝ е забрането да се врати во Грција. Нејзиниот колега Шон Бајндер рече дека треба да се бориме за да се дозволи потрагата и спасувањето на мигрантите и луѓето да имаат право на азил.

Двајцата се приклучија на ERCI, здружение кое оттогаш е распуштено. Меѓу другите членови на здружението се и поморскиот спасител Насос Каракитсос и пензионираниот Холанѓанец Питер Витенберг.

Сомалискиот мигрант Мохамед Абди еднаш бил осуден на 142 години за шверц на луѓе, откако спасил повеќе од 30 животи. Тој потврди дека чамецот со мигрантите го водел кон брегот, откако турскиот трговец со луѓе ги напуштил.

Но, судот во Митилена му ја намали казната на времето поминато во затвор и го ослободи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk