logo
logo
logo

Во Федерацијата Бих од денеска не се пуши во затворени јавни места

Vecer | 28.05.2023

Во Федерацијата Бих од денеска не се пуши во затворени јавни места

Сопствениците на угостителски објекти во кои најмногу се конзумираат цигари ќе бидат обврзани на видливи места да го истакнат знакот „забрането пушење“, пренесува весникот „Независне новине“.

Пепелници и други садови за одложување пепел не смеат да бидат изложени во објектот, а пушењето е дозволено само во посебни простории за оваа намена.

Угостителските објекти ќе имаат рок од шест месеци за прилагодување, додека казнувањето на физичките лица ќе започне веднаш.

- Важно е да се напомене дека опсегот на казните се движи од 100 до 15.000 конвертибилни марки, но тие почнуваат да се наплатуваат една година од датумот на примена на законот. Инспекции ќе вршат кантоналната инспекција, пазарно-туристичката инспекција, санитарната инспекција, секоја во рамките на својата надлежност, изјави портпаролката на Управата за инспекциски работи на кантонот Сараево, Вилдана Брдариќ.

Покрај цигарите, забраната опфаќа и употреба на наргиле, водено луле, електронски цигари и билни производи за пушење. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk