Во Црна Гора спасени двајца Кинези кои се заглавиле во снег

Двајца кинески државјани, кои биле заробени во снегот на планината Бјеласица во Црна Гора биле спасени.

Кинезите ги спасиле припадници на Службата за заштита и спасување во вторникот вечерта откако добиле информација дека двајца кинески државјани побарале помош и дека се заглавени во снегот во снегот во Бјеласица, објави веб-страницата ЦДМ.

„Брзо тргнавме кон Бјеласица и пронајдовме двајца кинески државјани кои беа заглавени со ‘ауди’“, рече командирот на Службата за заштита и спасување, Жељко Дармановиќ.

Како што додаде тој, Кинезите рекле дека ги следеле насоките од навигацијата која ги довела до крсотсница и тогаш нивниот автомобил се заглавил во снегот.

Снегот во тој дел од планината е над 70 сантиметри, а синоќа имало силна виулица и намалена видливост.

Навигацијата ги одвела Кинезите во погрешна насока, а автомобилот се излизгал од патот, објави ЦДМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари