Веста од Скопје дека според модифицираниот предлог, историските прашања не влегуваат во преговарачката рамка засега најде одек само кај дел од опозицијата, од владеачките партии и од претседателот Радев молк.

Француската амбсадорка во Софија, Флоренс Робин, за „Еуроњуз“ вели дека се работи за компромисен предлог, кој не го ревидирал, туку го специфирал претходниот документ. Сепак, тврди дека е идентичен со првичниот предлог и ги штити бугарските интереси.

-Toj предлог во целост го почитува она што беше изгласано во бугарскиот парламент и не треба повторно да биде гласан во бугарското собрание. Па, зошто македонската страна вели дека е подобар од претходниот предлог? Ние сме уверени и очекуваме дека секој да го каже своето мислење за да можеме да постигнеме напредок. , вели Флоренс Робин, амбсадорка на Франција во Софија.

Со кус, но категоричен став синоќа се огласи и став шефица на бугарската дипломатија, Генчовска.

-Нема втор француски предлог, изјави Теодора Генчовска, министерка за надворешни работи.

Лидерот на опозицијата, пак, Бојко Борисов повика да се прифати предлогот, без да коментира дали документот претрпел измени.

-Во однос на темата за Македонија навистина им посакувам успех на колегите во Софија да го финализираат денеска за можеме да кажеме дека француското претседателство направи многу и да биде успешно, онака како што заслужува. , изјави Бојко Борисов, лидер на ГЕРБ.

Очекувано, најжестока реакција упати лидерот на опозициската „Преродба“, кој повика да се поништи предлогот, кој минатата недела го усвои собранието.

-Токму тој проблем (историските прашања), според зборовите на Ковачевски, потврдени од Макрон, отпаѓа во тој ревидиран компромис на компромисниот предлог. Со тоа е извршено национално предавство, што цела Бугарија го разбра , изјави Костадин Костадинов, лидер на Преродба.

Во Бугарија во моментов се одвива вистинска политичка драма, како резултат на протерувањето на 70 руски дипломати, а по што Москва се закани дека ќе ја затвори руската амбасада и ќе ги замрзне односите со Софија. Случајот го ископлицира и текот за избор на нов мандатар. Наместо Петков, кандидат на Продолжуваме со промената ќе биде неговиот прв сопартиец, Асен Василев. Ваквиот епилог произлезе на барање на бугарските социјалисти, кои одбија да преговараат со Петков, обвинувајќи го дека протерувањето на руските дипломати, го донел самостојно и без консултации со партиите.