Во Брисел продолжуваат преговорите Белград-Приштина

Во Брисел продолжуваат разговорите меѓу Белград и Приштина на највисоко политичко ниво. Денеска во Брисел се состануваат претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, кои ќе ја разгледуваат примената на постојаниот договор и ќе разменат ставови по повод новата фаза од дијалогот за сеопфатна нормализација на односите.

Состанокот во Брисел, кој го организира високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини, е прв на високо политичко ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина од почетокот на годината.

Могерини во повикот за состанок, нагласила дека ќе се разговара за фазата на дијалогот која се однесува на сеопфатна нормализација, како и дека ќе се разгледува работата која е во тек на примената на постојаниот договор.

Разговорите, како што пренесува РТС, ќе почнат со одвоени состаноци меѓу Вучиќ и Тачи со Могерини и ќе продолжат со заеднички состанок за време на вечерта. До средбата доаѓа откако тродневните разговори на двете делегации на техничко ниво не дадоа резултати.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари