Во Брисел нов состанок на Могерини со Вучиќ и Тачи

Доцна вечерва во Брисел започна новиот состанок на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Косово, Хашим Тачи, во рамки на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Претходно, Могерини имаше одделни средби со двајцата претседатели, Вучиќ и Тачи.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич, објави на социјалната мрежа „Твитер“ фотографија на Могерини со Вучиќ и Тачи пред состанокот.

Се очекува дека Вучиќ и Тачи на состанокот ќе ја потврдат подготвеноста за интензивирање на активностите за поддршка на правно обврзувачки договор за сеопфатна нормализација на односите, што е клучен за европскиот пат на Србија и Косово, соопшти вчера Европската служба за надворешни работи.

Тачи пред состанокот со Могерини рече дека е тешко да се постигне договор за нормализирање на односите со Србија, но ќе стори сé за да се направи тоаа што е можно побрзо.

„Целта на Косово е да изгради добрососедски односи со сите земји, во овој поглед, и со Србија, со цел да се оди напред кон интеграцијата во ЕУ и НАТО и да се отвори глобална перспектива на Косово”, изјави тој.

Последниот круг на дијалог меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво се одржа на 18-ти јули. Продолжувањето на дијалогот беше закажан за 7 септември во Брисел, но Вучиќ и Тачи не се сретнаа, тогаш Могерини одржа одвоени средби со двајцата претседатели.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари