logo
logo
logo

Во БиХ уапсена жена за тероризам, нејзиниот сопруг е припадник на Исламската држава

Vecer | 12.05.2021

Во БиХ уапсена жена за тероризам, нејзиниот сопруг е припадник на Исламската држава

Жена од Босна и Херцеговина, чиј сопруг е член на Исламската држава во Сирија, беше уапсена од припадници на Државната агенција за истрага и заштита на БиХ (СИПА) под сомнение за вмешаност во терористички активности, потврдија од полициската агенција и Обвинителството на БиХ.

Според изјавата на седиштето на СИПА, жената е уапсена во вторникот на аеродромот во Тузла, а таа е обвинета за кривични дела финансирање на терористички активности и организирање на терористичка група.

Извршен е претрес во куќата на уапсената, а по кривична обработка од полицијата, случајот ќе го преземе Обвинителството на БиХ, кое е надлежно за случаи поврзани со тероризам.

Во текот на денот, обвинителството потврди дека уапсената жена е Сена Хамзабеговиќ (61) од Тузла, која покрај државјанство на БиХ, има и швајцарско државјанство.

Според соопштението на државното обвинителство, уапсената жена од 2013 година испраќала пари и на други начини пружала поддршка на државјаните на БиХ кои се бореле на боиштата во Сирија и Ирак во единиците на терористичката организација Исламска држава.

Исто така, се наведува дека нејзиниот сопруг, кој сè уште е во бегство, исто така играл значајна улога и позиција во овие структури.

СТанува збор за  Мурадиф Хамзабеговиќ, кој во 2013 година беше осуден од Судот на БиХ на шест години затвор и 10.000 евра парична казна за организиран криминал, односно трговија со луѓе. Осуден е за криумчарење илегални мигранти низ БиХ во Западна Европа.

Наместо да издржува затворска казна во БиХ, Хамзабеговиќ завршил во Сирија, каде им се придружил на исламистичките терористи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk