logo
logo
logo

Во Белград заврши протестот против насилството, според опозицијата имало над 10.000 луѓе(ВИДЕО)

Vecer | 12.05.2023

Во Белград заврши протестот против насилството, според опозицијата имало над 10.000 луѓе(ВИДЕО)

Протестот го организира дел од опозицијата која бара одговорност од властите за двете масовни убиства што се случија минатата недела во Србија.

Собирот почна пред Собранието, од каде граѓаните пеш се упатија по улицата Кнеза Милоша до мостот Газела, кој беше блокиран. На протестот има повеќе од десетина илјади граѓани, дел од нив стигнаа до Сава центарот.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека блокирањето на мостот „Газела“ ќе биде кривично дело и предупреди дека доколку тоа се случи, ќе бидат преземени одредени мерки. Но, на протестот немаше полицајци, објави српски Данас.

Собирот заврши по околу 3 часа, а  следниот собир е најавен за следниот петок.

„Денеска е исполнето второто барање, седницата на Собранието е закажана за следниот четврток“, беше речено при читањето на барањето на опозицијата. На седницата ќе се гласа и за смена на РЕМ, како и за надлежностите на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ. “ им порача Срѓан Миливојевиќ  на насобраните и дека во петок сите треба да дојдат во Собранието. „Во петок нема дома“, рече тој.

На денешните протести се слушаше скандирање „Вучиќ оди си“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk