Пред белградскиот Дорќол Плац стои Заедничкиот фрижидер, чија цел е да го намали фрлањето храна и да им помогне на оние на кои им е најпотребена.

Првиот фрижидер од ваков вид во Србија го поставија Тамара Стојковиќ и Емилија Бојиќ како дел од истоимената младинска иницијатива, која ја започнаа преку проектот на Светската организација за заштита на природата WWF посветен на зајакнување на младите во Србија во пронаоѓањето и спроведување решенија за причините и последиците од климатската криза, а самиот фрижидер беше донација од организацијата.

– Беше вистинска чест и задоволство да се соработува со девојките од иницијативата Заеднички фрижидер во изминатите шест месеци. Тие се исклучително посветени и нивниот ентузијазам и желбата за промени никогаш не се поколебаа. Она што ја прави оваа идеја посебна е тоа што не само што го намалува отпадот од храна, туку има и хуманитарна компонента која изразува желба да им помогне на оние кои често немаат пристап до храна – истакнува Мина Мириќ од WWF Adria.

Основни прехранбени производи во фрижидерот

-Штом не контактираа Тамара и Емилија, веднаш се договоривме да се вклучиме, особено затоа што вакво нешто кај нас не постои… Фрижидерот ќе го снабдуваме со свежо овошје и зеленчук благодарение на донациите што секојдневно ги добиваме од голем синџир на исхрана во Србија, а ќе се обидеме да обезбедиме и други основни прехранбени производи со помош на бројни компании кои не поддржуваат – истакнува Катарина Жигиќ Благојевиќ од Фуд Банката Белград.