Во Атина протести поради нападите во Сирија

Група приврзаници на грчката Комунистичка партија синоќа се обиделе да ја срушат статуата на поранешниот американски претседател Хари Труман во центарот на Атина, за време на протестот поради воздушните напади на САД, Франција и Велика Британија на Сирија.

Демонстрантите се обиделе со брусилица да ги отсечат стопалата на статуата на Труман, а потоа и да ја срушат целата статуа. Тогаш полицијата употребила солзавец за да ги растера, по што избиле судири во кои најмалку тројца демонстранти биле повредени, пренесе Ројтерс повикувајќи се на сведоци.

На протестот се собрале неколку стотици приврзаници на Комунистичката партија. Грчката новинска агенција АНА, повикувајќи се на поицијата, известува дека приведени се две лица, а дека една е повредена на протестот. Според информациите, во протестот учествувале студенти и ученици кои марширале кон американската амбасада.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари