logo
logo
logo

ВЛАДАТА МОЖЕ ДА ПАДНЕ ПОРАДИ КОКАИН? Сослушување на Кривокапиќ и Абазовиќ во Црна Гора

Vecer | 21.01.2022

ВЛАДАТА МОЖЕ ДА ПАДНЕ ПОРАДИ КОКАИН? Сослушување на Кривокапиќ и Абазовиќ во Црна Гора

Комисијата за безбедност и одбрана на Собранието на Црна Гора ќе ги сослуша премиерот Здравко Кривокапиќ, вицепремиерот Дритан Абазовиќ и раководните луѓе на полицијата и обвинителството.

Причина за тоа е случајот со заплена на околу 500 килограми кокаин во Црна Гора, кој бил пронајден во кутија со банани во малопродажен синџир.

Одлуката за контролната расправа за заплена на околу 500 килограми кокаин е донесена едногласно.

Работниците на Волија на 12 јануари во магацинот на компанијата пронашле кокаин во пакувања со банани, за што ја известиле полицијата.

Претходно Управата за приходи и царина соопштила дека бродот во кој имало пратка банани на 2 јануари впловил во пристаништето Бар.

Претседателот на комисијата Милан Кнежевиќ на седницата на тоа собраниско тело најави дека доколку властите си ја завршеле работата, Драган Бокан денеска ќе беше уапсен „по истиот принцип како Будимир Крстовиќ“, или, како што рече, Крстовиќ ќе беше ослободен да се брани од слобода.

Доколку, како што рече, членовите на семејството Крстовиќ се невини во затвор, треба и тие да бидат пуштени со кауција да ја докажат својата слобода.

Инаку, на седницата е отворена и дискусија за актуелната политичка состојба меѓу демократите и УРА.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk