logo
logo
logo

ПОВЛЕЧЕН ЗАКОНОТ за експропријација од Собрание, ВУЧИЌ СО ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ

Vecer | 08.12.2021

ПОВЛЕЧЕН ЗАКОНОТ за експропријација од Собрание, ВУЧИЌ СО ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ

Владата на Република Србија на вечерашната седница донесе одлука за повлекување на Законот за експропријација од собраниска процедура. Ова се наведува во соопштението на Владата.

Владата на Република Србија ќе анализира дали се неопходни измени на Законот за експропријација и доколку се утврди дека треба да се менува Законот, тоа ќе го направи со широка јавна расправа која ќе ја вклучи стручната јавност, професионалните здруженија, бизнис претставници и граѓанското општество.

Владата на истата седница му предложи на Народното собрание измени на Законот за референдум и народна иницијатива, во членовите 7, 20, 43 и 44. Наведените членови се однесуваат на заверка на потписи, претставници на овластениот предлагач на референдумот тело кое распишува референдум.

Со владиниот предлог се укинува таксата за проверка на потписите, а се овозможува и претставниците на овластените предлагачи да бидат дел од телото за спроведување на референдумот. Исто така, според предлогот, за помалку од четири години нема да може да се распише референдум за истото прашање, а Собранието на Србија во рок од четири години нема да може да донесе одлука различна од потврдената на референдумот.

За овие прашања вечерва Вучиќ ќе има и вонредно обраќање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk