Србија

Владата даде гаранции за времено пуштање на Ратко Младиќ

Српското Министерство за правда испратило гаранции до хашкиот Трибунал за воени злосторства дека Младиќ нема да побегне доколку му биде дозволено да се врати во Србија до изрекувањето на пресудата

Српската Влада даде гаранции за привремено пуштање на слобода до изрекување на пресудата на поранешниот воен лидер на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ.

Како што јави Танјуг, српското Министерство за правда испратило гаранции до хашкиот Трибунал за воени злосторства дека Младиќ нема да побегне доколку му биде дозволено да се врати во Србија до изрекувањето на пресудата.

Судењето на Младиќ е завршено и останува да се чека пресудата на Трибуналот. Српскиот генерал е обвинет за геноцид врз Бошњаците во Сребреница, како и за бројни други злосторства против човештвото извршени за време на Војната во Босна и Херцеговина во првата половина на 90-те години на минатиот век.

Поврзани

Најнови вести

Коментари