logo
logo
logo

Визи за Русите за влез во Косово

Vecer | 30.09.2022

Визи за Русите за влез во Косово

Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за воведување визи за сите државјани на Русија кои на било кој начин сакаат да влезат или да ја користат државата за транзит.

Премиерот Албин Курти изјави дека руските државјани со редовни, службени и дипломатски пасоши, како и оние кои имаат биометричка дозвола за престој издадена од државите на Шенген-зоната, во иднина се должни да се опремат со косовска виза, било за влез, транзит или престој во Косово.

Претставувајќи го предлогот, кој беше усвоен на денешната владина седница, заменичката мнинистер за надворешни работи, Лиза Гаши нагласи дека мерката што се предлага е на линија на последната одлука на Европската унија во однос на визите за руските државјани.

– Визата е потребна за државјаните на Руската Федерација при влез во Република Косово, без исклучоци. Овој предлог на МНР е во согласност со меѓународните обврски кои ги презеде Косово во кохерентност со последната одлука на ЕУ за укинување на договорот за олеснување на добивање на Шенген-визи за руските државјани, изјави Гаши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk