Морничава сообраќајна несреќа се случила вчера во босанскиот град Бијељина каде 14-годишно дете загинало откако прво било удрено од еден, а потоа врз него налетал уште еден автомобил, во моментите кога мајката и таткото на детето се обидувале да му помогнат.

И двајцата возачи избегале од местото на несреќата, а детето во болница било довезено мртво.

Полицијата вечерта ги блокирала сите уици, па прво бил откриен возачот на „голф“, Перо Деспотовиќ(67), кој налетал на тројцата членови на семејството. По извшениот алкотест било утврдено дека бил пијан. Полицијата денеска го уапсила и Далибор Спасојевиќ, за кого било утврдено дека со „ауди“ го прегазил детето во непосредна близина на нивната куќа.

Додека мајката и таткото грчевито се обидувале да му пружат помош на момчето, со голема брзина налетал Деспотовиќ со „голфот“ и ги покосил сите тројца членови на семејството.

Родителите на детето се вон животна опасност, но имаат скшеници на рацте и нозете.