(Видео) Србин фатен со 280 килограми марихуана на хрватската граница

Вчера околу 2 часот на граничниот премин Товарник застанало товарно возило со српски регистарски таблички управувано од 25-годишен српски државјанин.

Припадниците на царинската служба и полицијата при контролата се посомневале дека има промени во покривот на приколката ладилник кои укажуваат дека има пакети марихуана во покривот.

Според налогот на Окружниот суд во Вуковар, извршен е претрес на товарното возило и на приколката.

Во покривот на ладилникот се пронајдени 364 пакувања со околу 280 килограми марихуана.

Српскиот државјанин е предаден на државното обвинителство поради сомневање дека сторил кривично дело „незаконско шверцување и трговија со дрога“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари