(Видео) „Сите Бугари заедно – Босилеград”: бугарски нацисти марширaа низ Софија

Во неделата, десетина неонацисти и ултранационалисти маршираа во центарот на Софија во знак на протест по повод годишнината од формирањето на комунистичката власт во Бугарија. Тие поминаа низ центарот на градот сè до споменикот на жртвите на комунизмот.

Во своето обраќање лидерот на „Националниот отпор”, Благовест Асенов, рече дека Бугарија мора да се врати во бугарски раце и во рацете на бугарските националисти. Демонстрантите носеа маици со ликот на Адолф Хитлер и голем транспарент со слика на Бенито Мусолини, како и познати бугарски водачи од периодот на сојузништво со нацистичка Германија.

Она што е најлошо во целиот марш е бугарското знаме на почетокот на колоната на кое пишува: „Сите Бугари заедно – Босилеград”. Со ова тие директно повикаа на распаршување на Србија бидејќи Босилеград е општина во Србија. Бугарските ултранационалисти бараат ревизија на границите и создавање на Голема Бугарија, во која би влегле големи делови од Грција, Србија, Турција, Романија како и целата територија на Македонија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари